Бронзен медал за Викторија Варадинова на Светското првенство за кадети и јуниори (ФОТО)

Викторија Варадинова го освои бронзениот медал на Светското првенство за кадети и јуниори на ВАКО во Лидо Диесело, Италија. Таа во полуфиналната борба загуби од Србинката Надја Милјанчевиќ со 0-3.

Тројцата наши натпреварувачи денеска забележаа порази, а на Никола Нацев и Леа Бошевска и требаа победи за да се пласираат во полуфиналето и да освојат бронзи, но, за жал, тоа не им успеа. На Бошевска поразот е службен, бидејќи борбите започале порано, а нашиот табор не бил известен за тоа.

Па така, на ова СП остануваме само со една победа, онаа на Драко Најдов.

„Денеска Леа Бошевска против Ана Легиен од Полска не се бореше поради тоа што борбите започнаа порано од предвиденото. Ние за тоа не бевме известени ,како и останатите репрезентации. Судиите во интерес на времето се договориле да почнат половина час порано, така што го испуштивме времето, не стигна навреме да се појави на борилиштето, па започна следната борба. Главниот судија се согласи да се одржи борбата на Леа, но тренерите на полската натпреварувачка го одби тоа, бидејќи нивната репрезентативка мозеше да изгуби. Вака, таа оди понатаму, без борба, а нашата натпреварувачка испаѓа од играта за медал, за жал. Леа Бошевска е одличен борец и голема штета е што вака заврши, бидејќи сигурно ќе земеше медал. Но, тоа е во спортот, има и вакви случки, кои се дел од него.  Никола Нацев против Арнел Булиќ од Босна загуби на поени. Викторија Варадинова против Надја Милијанчевиќ од Србија изгуби на поени, но освои бронзен медал. Од ова Светско првенство носиме еден бронзен медал, Викторија Варадинова. Јас лично не сум задоволен од целокупниот успех на нашите натпреварувачи. Убеден сум дека можевме многу повеќе, но тоа е спортот, повеќе среќа нареден пат“, вели селекторот Дејан Митровски – Урко, додавјќи дека најважно му е што нашите натпреварувачи немаат никакви сериозни повреди, освен Викторија која го повредила палецот на загревање.

Нашата репрезентација ја посетил господинот Кадир Алтунај производителот на опремата Драгон, кој за секое првенство и донира и ја облекува нашата репрезентација.

„Голема благодарност до него, дизајнот, квалитетот и удобноста на Драгон опремата е одличен“, истакнува претседателот на КБМТФМ.

Светското првенство на кое учествуваат 2319 натпреварувачи од 65 држави Македонија ја претставуваат четворица кик боксери.

Резултати
–65 кг – К-1, јуниори
Викторија Варадинова – Надја Милјанчевиќ (Србија) 0-3

-50 кг – кик лајт, кадети
Леа Бошевска – Ана Легиен (Полска) 0-0

 +69 кг – кик лајт, кадети
Никола Нацев – Арнел Булиќ (БиХ) 0-3

-63,5 кг – лајт кик, јуниори
Дарко Најдов – Димитар Стојанов (Бугарија) 3-0
Дарко Најдов – Лиси Цивнтилијан (Молдавија) 1-2

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...