Бронзен медал за Ангела Мојсовска, седми за Македонија на Европските универзитетски игри

Ангела Мојсовска стави точка на извонредниот ден на Европските универзитетски игри за боречки спортови во Загреб, Хрватска, освојувајќи го бронзениот медал.

Во борбата за бронзата ја убедливо ја совлада Италијанката Елеонора Гуагалијоне.

Пред некој час Моника Пендаровска го обезбеди четвртото финале, а преходно тоа го направи и Петар Заборски, а вчера сеизборија Сара Радичевска и машкиот кумите тим, а Петар Спасеновски и женскиот кумите тим освоија бронзи.

Така, имаме сигурни четири сребрени,но нашите каратисти ќе атакуваат на толку титули, и три бронзи.

Резултати
-68 кг
Ангела Мојсовска – Каролина Клепацка (Полска) 4-0
Ангела Мојсовска – Марија Кијара Гурадо (Италија) 4-0
Ангела Мојсовска – Јулија Пичлер (Австрија) 4-2
Ангела Мојсовска – Анита Тадиќ (Хрватска) 4-6
За бронза
Ангела Мојсовска – Елеонора Гуагалијоне (Италија) 9-0

Ipon.mk

print