Бронза за Миа Тодорова на ЕП во Гиор, Борјан Трајков оштетен, останавме без победа на шампионатот

Миа Тодорова го освои бронзениот медал на Европското кик бокс првенство за деца, кадети и јуниори во Гиор – Унгарија. Но, таа загуби во полуфиналната борба од Јоана Султаника од Грција со 0-3 и не се пласира во финалето каде што Вероника Сураева (Русија) го чекаше победникот.

И Борјан Трајков и Милан Милошевиќ прептреа порази. Така на ова Европско првенство освивме само еден медал – бронзен, но не забележавме ниту една победа.

Тренерот Тони Стојановски смета дека Борјан Трајков е оштетен од судиите.

„Секогаш нешто фали, иако Борјан Трајков беше подобар со борецот од Чешка, и со техника и со доминација на удари. Но, никогаш нема правдина кога пробаме да си ги мериме силите со големите земји. Тогаш се многу сурови спрема малите земји, како нашата мала Македонија, но ние сме храбри не се предаваме. Не е битен поразот, битно е како се бориш“, напиша тренерот Тони Стојановски на ФБ.

Нашите кикбоксери го платија данокот на неискуството, затоа и останува многу да работат и да очекуваме многу поголеми резултати на наредните првенства.

Резултати
-60 кг К1 јуниори
Марко Тодоров  – Максимус Бејенута (Романија) 0-3
-63 кг КЛ јуниори
Синиша Милошевиќ – Марко Дорен Мантила (Хрватска) 0-3 со прекин

-60 кг К1 млади јуниори
Миа Тодорова – Јаона Султаника (Грција) 0-3
-57 кг КЛ постари кадети
Борјан Трајков – Матеј Власак (Чешка) 0-3
– 69 кг КЛ јуниори
Милан Милошевиќ – Лук Кронин (Ирска) 0-3
Ipon.mk

print