Бошко Заборски: Каратисти остварија огромен успех, резултатите се повеќе од очекуваното на Европските универзитетски игри за боречки спортови во Загреб

Селекторот на студентската карате репрезентацијата Бошко Заборски вели дека нашите каратисти оствариле огромен успех и дека резултатите се повеќе од очекуваното на Европските универзитетски игри за боречки спортови во Загреб, каде што нашите каратисти вчера денот го завршија со седум медали – 4 сребрени и 3 бронзени медали.

„Горди сме на постигнатите резултати, а спортистите покажаа голема борбеност и пожртвуваност за време на сите натпревари. Нивната посветеност и професионалниот однос кон спортот ги направи да бидат една од најуспешните селекции по број на освоени медали на оваа Универзијада“, вели Заборски.

Сребрени медали освоија :

1.Петар Заборски -75 кг поединечно борби

2.Сара Радичевска -50 кг поединечно борби

3.Моника Пендаровска -61 кг поединечно борби

4.Машкиот тим во борби во состав (Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Ацковски Роберто и Горан Николовски)

Бронзени медали освоија:

5.Анѓела Мојсовска -68 кг, поединечно борби

6.Петар Спасеновски -84 кг, поединечно борби

7.Женскиот тим во борби во состав (Симона Заборска, Сара Радичевска, Моника Пендаровска и Ангела Мојсовска)

На игрите имаше 1300 учесници од 400 универзитети и 36 европски земји, ова беше прво вакво издание на четирите европски шампионати што се одржуваат како еден настан на универзитетско ниво и тоа го направи најголемиот настан во календарот на ЕУСА за 2019 година. Во четири различни сали завршија натпреварите во четири боречки спортови карате, таеквондо, џудо и кикбокс.

Ipon.mk

print