Борците со големо мнозинство прогнозираат победа на Миочиќ (ВИДЕО)

Во анкетата спроведена на десетина борци на ММА девет од нив предвидуваат победа на Миочиќ против Нгану.

Каел Сонен и борците на УФЦ Стефан Томсон, Колби Ковингтон, Кертис Блајдес кој во Загреб се бореше со Нгану, Шејн Бургос, Мет Фреол, Нил Мањи, Марвин Ветори и Дастин Ортиз предвидуваат победа на Миочиќ.

Сонен истакна дека нема полош прогнозер од него, но едноствно има премногу непознаници за Нгану.

Од анкетираните само Џереми Кенеди го избра Нгану.

„Тешко е да се оди против шампионот, но се чини дека Нгану е создаден во епрувета на УФЦ Перформанс институтот. Тој е совршен тешкаш“.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...