Боречките спортови со 15 натпреварувачи на Медитеранските игри во Шпанија

Боречките спортови на 18-тите Медитерански игри во Тарагона, Шпанија, од 20 јуни до 1 јули 2018 година ќе бидат застапени со 15 спортисти во карате, џудо, борење, бокс и таеквондо, соопштија од Македонскиот олмписки комитет (МОК).

Македонскиот олимписки комитет, во партнерство со Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија и Националните спортски федерации обезбедија учество на 71 спортист кои ќе настапат во 15 спортови.

КАРАТЕ
Емил Павлов
Ненад Келебиќ
Берат Јакупи
Жарко Арсовски
Ангела Мојсовска
Симона Заборска

ЏУДО
Арбреша Реџепи
Артан Рушити

БОРЕЊЕ
Раиф Камбери
Бесмир Веселовски
Магомедгаџи Нуров
Дејан Митров

БОКС
Љуљзим Исмаили

ТАЕКВОНДО
Филип Додевски
Дејан Георгиевски

Македонската олимписка селекција тргнува за Тарагона на 20 јуни 2018 година, а во Тарагона, македонската репрезентација ќе настапи според следниот распоред на натпревари:
1. Карате од 23 јуни до 24 јуни
2. Ракомет (машка репрезентција ) од 23 јуни до 01 јули
Ракомет (женска репрезентација) од 23 јуни – 30 јули
3. Одбојка (машка репрезентација) од 22 јуни до 01 јули
4. Таеквондо од 28 јуни – 30 јуни
5. Џудо од 27 јуни до 29 јуни
6. Борење од 25 јуни до 27 јуни
7. Спортско стрелаштво од 23 јуни до 24 јуни
8. Стреличарство од 22 јуни – 24 јуни
9. Коњички спортови 27 јуни – 29 јуни
10.Атлетика од 27 јуни – 30 јуни
11.Тенис од 26 јуни – 30 јуни
12.Пинг понг од 26 јуни до 30 јуни
13.Баскет 3х3 од 27 јуни до 29 јуни
14.Бокс од 25 јуни – 30 јуни
15.Веслање од 28 јуни до 30 јуни

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...