Боречките спортови и вештини во Сити мол!

Вечерва во Сити мол во Скопје беше направена „Презентација на спорстките федерации на Македонија“, односно демонстрација на одреден број на спортови во организација на Сојузот на спортски федерации на Македонија и Агенцијата за млади и спорт.

Од боречките спортови своите вештини ги демоснтрираа каратето, борењето, џудото, џиу џицата, таеквондото, кикбоксот и реалното аикидо.

Ова беше убава прилика посителите на Сити мол да ги видат убавините на овие вештини, а младите спортсити имаше што да покажат. Изведби што ги пленеа срцата на сите.

ipon.mk/В.Д.

print