Борачите ветерани од Штип истакнаа: Не се слуша нашиот глас, нема успеси (ФОТО)

Синоќа во Штип се одржа предновогодишна средба на борачите ветерани во угостителскиот објект „Заки“, сопственост на Васил Зафировски, поранешен борач. Организација му беше доверена на претседателот на Здужението борачи ветерани на Македонија,Томе Коцев, а гости му дојдоа од Штип, Радовиш и Скопје. Сеќавањето на убавите моменти од боречката кариера беше зачинето со штипскиот специјалитет – пастрамајлија, а дружбата се заврши со песна.

На собирот наборечките легенди беа Шабан Трстена, Зоран Шоров, Ристо Дарлев, Дуре Арифовски, Добре Маринков, Стојан Колев, Ристе Шалев, Назми Али, Илија Трајанов, Дане Вучков, Трајан Ангелов, Сане Арсов, Марјан Лазаров, Ацо Јорданов, Љупчо Лазаревски.

За претседателот на Здужението ветерани на Македонија, Томе Коцев, имаше изнандување од страна на олимпискиот шампион, Шбана Трстена, кој му додели златен олимписки медал како заслуга за придонесот што го дал за боречкиот спорт.


„Би сакал пред сите вас кои го минавте најголемиот дел од животот на душеците, да прашам – зошто немаме борачи кои ги исполнуваат олимпсиките норми неколку години по ред? И натаму цела Македонија се гордее со нашите резултати. А ние тонеме. Не се слуша нашиот глас. Претседателите во Федерацијата се менуваат, сите за една година стануваат херои, а нема резултати. Сите спортови се шират, во експанзија се , каде сме ние? Имавме и раководители политичари, ама резултати-нема“, рече Шабан Трстена, најмладиот европски олимписки шампион, додавајќи дека не треба да се дозволи .политичките партии да ги делат спортистите.


Домаќинот Томе Коцев беше краток: „Јас сакав да ве соберам во Штип, да се видиме, моите пријатели спонзори, кои го сакаат борењето, ми помогнаа да ја организирам оваа средба. Верувам дека нашата цел е иста- сите заеднички да помогнеме борењето да оди по вистинската насока“.

print

Можеби ќе ви се допадне...