Борачите на Балканец вечерва ги добија ветените парични награди (ФОТО)

Раководството на БК Балканец вчерва ги додели ветените награди на борачите кои освоија први места на изборното пионерско, кадетско, младинско и сениори под 23години како и на меѓународни натпревари.

Сите првопласирани борачи добија дополнителна спортска опрема за мотив да постигнуват уште поголеми резултати.  Да потсетиме дека и борачите кои освоија од прво до трето место на државното изборно првенство за сениори ги добија ветените парични награди.

Од клубот велат ветено-сторено!

Инаку, за првите места во своите категории борачите на Балканец добија по 15 илјади денари, за вторите 6 илјади и за третите 3 илјади денари. Кадетите кои освоија први места се наградени со спортска опрема.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...