Болуткаев го победи петкртаниот светски првак Гацалов (ВИДЕО)

boltukaev_rus_df._yankouski_blr-2

Минатиот викенд во Јакуцкс се одржа тридневното првенство на Русија во борење.

Во пресрет на шампионатот се појавија гласини за корупција и заплашување, а дагестанските борачи одлучија да го бојкотираат првенството предавајќи ги нивните мечеви без борба.

Официјални руски лица изјавија дека секој кој ја предал борбата нема да биде земен во предвид при изборот на националниот тим за Олимписките игри.

Најдоброто беше сочувано за последниот ден.

Во категоријата до 97 килограмо се пријавија тројца од четиримината најдобро рангирани борачи во слободен стил – број 1, петкратниот светски првак и олимписки шампион во 2004 година Хаџимурат Гацалов, број 3, светскиот првак од 2014 година Абдусалам Гадисов и 4, актуелниот европски шампион Анзор Болуткаевг.

Како дел од дагестанскиот протест, Гадисов кој во 2015 година загуби во финалето на Светското првенство на Кајл Снајдер, на крајот го пропушти турнирот.

Во финалето се сретнаа Болуткаев и Гацалов. Европскиот првак за 40 секунди борба со двојна нога го собори Гацалов и дојде до победа за 62 секунди.

Со оваа победа Болуткаев го презеде првото место на светската ранг-листа на Обединетото светско борење во категоријата до 97 килограми слободен стил.

https://youtu.be/v85hiKZHl_g

print

Можеби ќе ви се допадне...