Бокс репрезентацијата ќе настапи на „Белградски победник“

На реномираниот Меѓународен боксерски турнир „Белградски победник“ македонската репрезентација ќе настапи со четворица сениори од денес па до 21 април.

Боите на Македонија ќе ги бранат: -56 кг Џан Демиров, -60 кг Јасин Љама, -69 кг Гоце Јанески и -81 кг Арсим Етеми.

Репрезентацијата ја водат тренерот Петар Чурлиновски и неговиот помошник Скендер Јахиу.   

Ipon.mk

print