Божиновски-Станоев и Петрушевски-Трајковски најинтерсни борби на Државното ММА првенство (ФОТО)

На Државното ММА првенство денеска во Скопје најквалитетните борби беа прикажани во категориите до 77 и до 84 килограми, односно Филип Божиновски и Никола Станоев и Никола Петрушевски и Наумче Трајковски од кои како победници излегоа Божиновски и Петрушевски. Шампионатот го организираше Кик бокс федерацијата на Македонија.

Со нетрпение се очекуваше борбата меѓу Стефан Пецевски и Дејан Стефаноски во категоријата до 93 кг, но борецот од Велес не излезе на рингот, ја предаде борбата.

Радува фактот што годинава имаше повеќе натпреварувачи од минатата година, а многумина борци не се појавија, причините им се познати само на нив.

Од друга страна, Д’Стронгест од Скопје и Аеродром е најмасовен, но и доминантен клуб, тука е и ММА Гостивар и стандардниот Будо – Кавадарци кој не се појави со сите борци. И Шампион и Максам фајт покажаа дека имаат сили и на ММА сцената. Изненадува што Нинџицу клубот Битола кој има многу добри ММА борци се појави само со Филип Божиновски.

Пред првенството се одржа семинар за судии и тренери во врска со ММА правилата.

Резултати
Сениори
-60 кг
1.Михаил Поповиќ – Стронгест – Скопје
2.Стефан Додевски – Стронгест – Аеродром
3.Никола Бошев – Будо – Кавадарци

-66 кг
1.Андреј Стојановски – Стронгест – Скопје
2.Дино Старчевиќ – Стронгест – Аеродром
3.Мартин Димитровски – Стронгест – Аеродром
3.Боби Стојчевски – НК Битола

-77 кг
1.Филип Божиновски – НК Битола
2.Никола Станоев – Будо – Кавадарци
3.Никола Захов – Шампион – Скопје

-84 кг
1.Никола Петрушевски – Стронгест – Скопје
2.Наумче Трајковски – Максам фајт
3.Александар Поповиќ – Стронгест – Скопје
3.Томислав Белиќ – Протектор

-93 кг
1.Стефан Пецевски – Стронгест – Скопје
2.Дејан Стефаноски – Будо – Велес

+93 кг
1.Алмедин Колашинац – Шампион

Јуниори 14 – 16 г.
-60 кг
1.Давор Стефановски – ММА Гостивар
2.Христос Виланос – Будо – Кавадарци
3.Марко Петровски – Стронгест – Скопје
3.Никола Брајковски – ММА Гостивар

-66 кг
1.Далибор Кафеџиоски – Максам фајт

– 70 кг, 16-17 кг
1.Арлинд Амиши – ММА Гостивар
2.Кико Арсов – Строгнест – Скопје

-77 кг
1.Арбен Селмани – ММА Гостивар
2.Слаѓан Димиќ – Шампион

-65 кг
1.Викторија Варадинова – Шампион

– 45 кг, 12 – 13 .г
1.Теа Ѓуровска – НК Битола

-30 кг, 10-11 г.
1.Маријана Јоноска – НК Битола

-35 кг, јуниори-кадети
1.Стефан Ѓуроски – НК Битола

Финална борба на Божиновски /ММА првенство на Р. Македонија

Posted by Ninjutsu klub"Bitola" on 2018 m. kovo 11 d.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...