Бобан Ѓоровски повторно е избран за претседател на ББФФМ

На изборното Собрание на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија Бобан Ѓоровски повторно е избран за претседател на ББФФМ, тоа едногласно.

Собранието се одржа во сабота на 16 Февруари во просториите на Факултетот за физичка култура во Скопје.

Управниот одбор на федерацијата е составен од: Бобан Ѓороски – претседател, Јовче Василевски – генерален секретар, Милан Глигороски, Дејан Митровски, Роберт Димишковски, Маријан Стојановски и Давид Горњивски како членови.

Ipon.mk

print