Бобан Илиоски: Се надевам дека на 23 февруари појасот на ВАКО-ПРО ќе стигне во Македонија!

Веќе објавивме дека еден од нашите најдобри кикбоксери, Бобан Илиоски, член на КБК Шампион од Скопје, на 23 февруари во Варна, Бугарија, Бобан Илиоски, ќе се бори титулата европски шампион на ВАКО-ПРО против Бугаринот Јордан Јанков. Деновиве излезе и плакатот за борбата.

Го прашавме нашиот шампион дали беше изненаден кога стигна понудата да се бори за европската титула?

-Бев изненаден и пресреќен кога стигна понудата да се борам за европска титула, бидејќи тоа е огромна чест да се учествува на еден ваков настан.

Твојот противник е исто така од висока класа. Што мислиш за него?

-Мојот противник е еден од најдокажаните борци во Бугарија. Исто така, повеќе од 10 години е постар од мене. Сепак, тоа не ми претставува проблем, бидејќи подготовите течат добро. Се надевам дека на 23-ти појасот ќе стигне во Македонија!

Дали домашниот терен ќе биде негова предност?

-Секако дека домашниот терен ќе биде негова голема предност. Но, и покрај тоа, ќе ја претставам нашата држава во најдобро светло.

БОБАН ИЛИОСКИ
–Од 2013 година е непоразен константен државен шампион во дисциплините К-1 и мај-тај;
–Освојувач на голем број европски и светски првенства под ВАКО организацијата;
–Бронзен медал на Светското јуниорско ВАКО првенство 2014 година – Римини;
–Сребрен медал на Европското јуниорско ВАКО првенство 2015 година – Сан Себастијан, Шпанија;
–Сребрен медал Б-класа на Светското ИФМА мај-тај првенство 2018 г одина – Канкун, Мексико и
–Бронзен медал на Европското сениорско ВАКО првенство во 2018 година – Словачка.

ЈОРДАН ЈАНКОВ
–Двократен светски вицешампион на ВАКО во дисциплината К-1 2011 – 2013 година;
–Носител на бронзен медал од Европското првенство во дисциплината К-1 – 2014 година;
–Балкански шампион на ВАКО – Про во К-1 – 2012 година.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...