Бобан Илиоски обезбеди бронза на Светското првенство во мај тај (ФОТО)

Бобан Илиоски (-81 кг, Б класа) ја забележа и втората победа на Светското мај тај првенство во Канкун, Мексико, и обезбеди најмалку бронзен медал.

Илиоски го совлада Свон Тарнер од Канада со 29-28.

Во полуфиналето ќе се сретне со Мигел Анхел Падила Роблес од Мексико кој славеше со 30-27 против Вес Аргроу со САД.

Денеска ќе стартува и Димитар Ѓоргиев.

Резултати

-67 кг Б класа
Хадис Рамадани – Џонатан Семинарио (Перу) 27-30

-81 кг Б класа
Бобан Илиоски – Џондсон Медеирос (Бразил) победа со КО, Р1
Бобан Илиоски – Свон Тарнер (Канада) 29-28
Полуфинале
Бобан Илиоски – Мигел Анхел Падила Роблес (Мексико) 16 мај

-86 кг Б класа
Димитар Ѓоргиев – Даниел Илиев (Бугарија) 16 мај

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...