Бобан Илиоски на 13 мај има мај тај меч во Тајланд (ФОТО)

Бобан Илиоски на 13 мај ќе се бори на мај тај турнирот „The best of MUAYTHAI international“, што ќе се одржи на боксерски стадион во Тајланд. Илиоски треба да се бори со Ален од Австралија.

„Веќе речиси еден месец се наоѓам во Пукет-Тајланд, каде што секојдневно тренирам во Тајгер мај тај кампот. На мое огромно задоволство добив понуда да се борам на турнирот „The best of MUAYTHAI international“, вели Бобан Илиоски.

Инаку, тој е во постојана дружба со нашиот борец Глигор Стојанов кој живее во Тајланд.

Ipon.mk

print