Бесир Алили ќе се бори за европско финале (ВИДЕО)

Бесир Алили (-45 кг) попладнево се бори за влез во финалето на Европското кадетско првенство во борење слободен стил во Скопје откако во четвртфиналето го победи Василе Марку од Молдавија.

Охрабрува фактот што Бесир губеше 6-1 и со пресврт и храброст се избори за полуфинале.

За жал, останатите наши борачи забележеја високи порази со технички туш.

Резултати

-45 кг – 1/8 финале
Бесир Алили  – Кенан Чустовиќ (Босна и Херцеговина) 10-0

¼ финале
Бесир Алили – Василе Марку (Молдавија) 9-6

1/2Финале
Бесир Алили – Станислау Мазок (Белорусија)

-51 кг -1/8 финале
Идриз Идар – Адем Бурак Узун (Турција) 0-10

60 кг – квалификации
Давид Мишев – Симоне Винченцо Пироду (Италија) 1-10

-71 кг – квалификации
Реџеп Хајдари – Доминик Мезеи (Унгарија) 1-11

-92 кг – 1/8 финале
Јусуф Пајазити – Данило Стасиук (Украина) 0-10

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...