Бесир Алили се пласира во четвртфиналето на Европското првенство за кадети

Бесир Алили (-45 кг) ја извојува првата победа за Македонија на Европското кадетско првенство во борење слободен стил и се пласира во четвртфиналето.

На Европскиот шампионат што почна утрово во Скопје Алили го совлада репрезентативецот на Босна и Херцеговина Кенан Чустовиќ со технички туш. Во наредното коло ќе се бори со Василе Марку од Молдавија.

Денеска од нашите борачи ќе настапат и:

-45 кг – 1/8 финале
Бесир Алили  – Кенан Чустовиќ (Босна и Херцеговина) 10-0

-51 кг -1/8 финале
Идриз Идар – Адем Бурак Узун (Турција)

-60 кг – квалификации
Давид Мишев – Симоне Винченцо Пироду (Италија)

-71 кг – квалификации
Реџеп Хајдари – Доминик Мезеи (Унгарија)

-92 кг – 1/8 финале
Јусуф Пајазити – Данило Стасиук (Украина)

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...