Бесир Алили: Мојот сон е настап на Олимписките игри и да освојам медал!

„Господ многу ми помогна да се вратам во игра и да победам во финалето. Имав доверба дека ќе победам и ова не е ништо, сега мојот сон е настап на Олимписки игри и таму да освојам медал“, изјави европакиот првак Бесир Алили на свечениот доечек на плоштадор „Скендербег“ во Скопје пред илјадници луѓе.

Бесар Алили (-48 кг) го освои златниот медал во борење слободен стил на Европското првенство во Фиренца, Италија, овој викенд.

Уште на граничниот премин Табановци беше пречекан со зурли и птапани од функционери, тренери и борачи на БК Лирија, како и навивачи.

Со панорамскиот автобус шеташе по улиците на Чаир, а потоа пристигна на плоштадот „Скендербег“.

print