Берчелт брзо ја одбрани титулата на ВБЦ (ВИДЕО)

Мигел Берчелт (33-1, 29 КО) во родниот Канкун по втор пат ја одбрани титулата на ВБЦ во супер перолесна категорија.

26-годишниот Мексиканец со прекин во третата рунда го победи Максвел Ауку (44-4-1, 30 КО) од Гана кој упадна во последен момент.

Првично Берчелт требаше да се бори против задолжителниот предизвикувач Кристијан Мијарес, но тој не се согласи со понудените услови. Потоа Филипинецот Карло Магали беше пронајден како замена, но локалното боксерско тело не сакаше да му издаде лиценца за борба, затоа што не го исполнил задолжителниот период на мирување од 45 дена од борбата против Масатоши Котани на 13 јануари.

Ауку кој не е рангиран меѓу првите 15 во ниту една голема федерација ја прифати борбата пред една недела.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...