Берна Шерифовска: Ќе работам за да се зголемува бројот на медалите!

Берна Шерифовска на Африканскиот куп Тунис 2018го освои првиот медал за Македонија на едем интерконтинентален џудо натпревар  во јуниорска конкуренција. Шерифовска (-57 кг го освои бронзениот медал. 

Берна загуби само една борба и тоа од многу силна натпреварувачка од Африка која е афиркански првак и учествуваше на Грен слем турнирот во Дизелдроф.

Стана првиот носител на медал од инерконтиненталните купови во јуниорска конкуренција. Што значи ова за тебе?

-Огромно задоволство и предизвик за понатамошна напорна работа, за да дојдам до медал и на поважни натпревари, како европско и светско првенство.

Како беше во Тунис,бидејќи овој натпревар е надвор од Европа, каде што поставеноста и организираноста се поинакви?

-Во Тунис, односно во цела Африка, можам да кажам дека има многу поразлично џудо отколку во Европа. И, беше убаво да се запознаам, за прв пат, со тоа џудо и да донесам медал токму од таму.

Дали по овој успех може да очекуваме нешто повеќе и на официјалните меѓународни првенства?

-Ова беше првиот натпревар за мене сезонава, а последна година како јуниор, но ова е само почетокот. Ќе работам за да се зголемува бројот на медалите.

Како е да се спортува и да се студира медицина?

-Напорно, но не и невозможно. Ги правам работите што најмногу ги сакам, а тоа многу ми го олеснува овој тежок период.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...