Берат Јакупи, Фаик Весели, Симона Заборска и Моника Стефановска преку Плеј-офот обезбедија учество на ЕП

Плеј-офот за состав на карате репрезентацијата за Европското првенство во Гвадалахара, Шпанија, од 28 до 31 март, донесе неколку пресврти од Државното првенство во карате за сениори кое се одржа вчера во Скопје. Во директните пресметки Берат Јакупи и Фаик Весели направија брејк победи против Петар Спасеновски и Глигор Петков во категориите до 84 и 67 килограми.

Емил Павлов (-60 кг), Азиз Исмаил (-75 кг) и Жарко Арсовски (+84 кг) не дозволија изненадувања и обезбедија место во репрезентацијата за ЕП во Шпанија со по три победи, како што тоа им тргна од рака на Јакупи и Весели.

И во женска конкуренција имаше пресврти во однос на Државното, па така Сара Радичевска беше подобра од Драгана Манговска (-50 кг), Симона Заборска во директниот дуел славеше против Јована Георгиева (-55 кг), а Моника Стефановска (-68 кг) се надмина во однос на вчера и ги победи првата Ангела Мојсовска и втората Јована Манева.

Во кати Пуликсенија Јованоска и Ферри Исиќ обезбедија место за Шпанија.

Репрезентација за Европското првенство
Ката жени
Пуликсенија Јованоска (Фунакоши Гичин
Кати мажи
Ферри Исиќ (Вардар)
-50 кг
Сара Радичевскаакпетрол
-55 кг
Симона Заборска (Макпетрол) 
-61 кг
Наташа Стефановска (Макпетрол) 
-68 кг
Моника Стефановска (Макпетрол)
-60 кг
Емил Павлов (Штип)
-67 кг
Фаик Весели (Олимпик спорт)
-75 кг
Азиз Исмаил (Металург)
-84 кг
Берат Јакупи (Ас и арт)
+84 кг
Жарко Арсовски (Штип)
Ipon.mk

 

print