Берат Јакупи го освои петото место на Премиер лигата во Рабат, беше блиску до медалот

Берат Јакупи е најдобропласираниот македонски каратист на Карате 1 Премиер лигата во Рабат, Мароко, изминатиов викенд, освојувајќи го петото место во категоријата до 84 килограми.  

Јакупи во борбата за полуфиналето загуби од Валери Чоботар од Укрина, кој подоцна го освои првото место. Во борбата за бронзениот медал Берат е поразен од Казахстанецот Игор Чихмарев со 0-3.

Резултати

-84 кг
Берат Јакупи – Сали Диоп (Франција) 3-0
Берат Јакупи – Антон Исаку (Белорусија) 4-1
Берат Јакупи – Махди Ходобакаши (Иран) 2-1
Берат Јакупи – Валери Чоботар (Украина) 1-4
Репесаж
Берат Јакупи – Панах Абдулајев (Азербејџан) 3-1
За бронза
Берат Јакупи – Игор Чихмарев (Казахстан) 0-3

-60 кг
Емил Павлов – Абдалах Краик (Јордан) 0-3
Кати
Пуликсенија Јованоска 22,6 (15,82 + 6,78) во прв круг, трета во групата

Ipon.mk

print