Бен Аскерн се пензионира од спортот (ВИДЕО)

35-годишниот поранешен шампион на две различни организации, Бен Аскрен, го најави своето пензионирање од ММА. „Фанки“ се врати во кафезот годинава, откако пред две години објави дека заминува во пензија, бидејќи не добил шанса во УФЦ.

Во УФЦ дојде од ОНЕ Шампионатот, како размена, бидејќи таму отиде легендата Демитриус Џонсон.

За жал, во првата борба, Бен виде многу тешкотии и скоро беше нокаутиран од Роби Лоулер. На крајот, Аскрен преживеа и забележа контроверзна победа со завршница. Во втората борба во јули беше тешко нокаутиран од Хорхе Масвидал за 5 секунди, а минатиот месец, Демијан Маја го заврши. Така, отиде во серија од два последователни порази во ММА и најави дека се повлекува, затоа што треба да се подложи на голема операција:

„Па, мислам дека е очигледно она што ќе го кажам. Се повлекувам од ММА и генерално се повлекувам од сè. Имам проблем со колк и имав разговор со мојот лекар, при што и двајцата сфативме дека морам да го заменам. Тоа е сè. Размислував за тоа цела недела.

Благодарен сум за кариерата што ја имав, иако конечно не испадна така како што сакав. Многу години имав проблеми со колковите, а кога започнав да тренирам во декември, работите се влошија. Разговарав со многу лекари и сите рекоа дека не би можел да се борам откако ќе направам операција“.

Бен се повлече од ММА на 35 години со скор од 19-2-1 ММА. Тој е поранешен шампион во лесна категорија на ОНЕ и на Белатор.

https://www.youtube.com/watch?v=7KEq5iekubo&feature=emb_logo
print