Бени Османоски: Не војувам со никого, само им давам „мирен сон“ на противниците, а така ќе биде и во оваа борба!

И Бени Османоски одговори на повикот на Ipon.mk  за средбата со Даниел Стефановски на 20 октоври во Швајцарија на Рејди фор вор во Шлирен, Цирих.

„Борбата неколку пати беше одложена и не прифатив само поради тоа што не бев почитуван од противникот. Па, затоа не му дозволив да влезе во ринг против мене“, вели нашиот истканат К-1 борец со повеќе европски и светски титули Бени Османоски за македонската пресметка на „Подгответе се за војна“ и додава: „Бидејќи на него ќе му биде чест да го дели рингот со мене“.

За очекувањата од оваа бора Османоски вели дека и оваа битка е како и секоја и го интересира само колкава ќе биде добивката, за се друго го боли к…т и за тоа кој е противникот.

„Како и секогаш, подготвен сум. И за оваа борба ќе бидам подготвен. И, како што сите ме знаат, јас сум Д’Дог (куче) и не го носам за џабе прекарот. Но, ова за мене нема да биде војна, јас не војувам со никого, само им давам „мирен сон“ на противниците, а така ќе биде и во оваа борба, како и во претходните 40 професионалци пред него“, смета Бени Османоски.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...