Белистојаноски верува во успех, Емил Павлов бронзата ќе ја менува со злато на ЕП

Подготвителниот период го потврди високото ниво на подготвеност на репрезентацијата, што ми дава за право да размислувам за медал на претстојното Европско првенство во Коџаели, Турција, од 4 до 9 мај, рече тренерот на сениорската карате репрезентација на денешната прес-конфренција во Агенцијата за млади и спорт, Петар Белистојановки.

Репрезентацијата се подготвваше во Сараево и Дојран, а имаше контролни натпревари, кои беа за место во националниот тим, во Унгарија, БиХ и Црна Гора.

Поранешниот европски првак и носител и на бронзен медал од европските првенства, Емил Павлов, ја потенцираше подоготвеноста и нагласи дека верува во успех и на ЕП во Турција. Исто така и Моника Стефановска е убедена дека ќе имаме успешен настап во Турција.
„Очекувам повторување на резултатот од 2016, иако би сакал бронзата да може да ја заменам со злато“, истакна Емил Павлов.
Тренерот во кати, Стојан Андриевски, очекува резултат, пред се од Пуликсенија Јованоска, но верува и во и Ферри Исиќ.

Македонската репрезенатација брои 14 натпреварувачи во борби: Емил Павлов, Димитар Илиевски, Енес Смаилагиќ, Берат Јакупи, Жарко Арсовски, додека Мартин Несторовски, Виктор Крстевски и Петар Заборски ќе бидат дел од екипните натпревари, Сара Радическа, Јована Георгиева, Сара Крстевска, Моника Стефановски, Драгана Тодорова и Наташа Стефановска ќе се борат во екипниот дел. Во кати ќе не претставуваат Пуликсенија Јованоска и Ферри Исиќ.

На Европскиот шампионат во Коџаели ќе настапат преку 400 натпреварувачи од 44 земји.

„Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава финансиска поддршка за системот на натпревари, припремни периоди, како и меѓународни настапи на нашите карате репрезентативци. Само по првата распределба Карате федерацијата на Македонија доби 2,3 милиони денари од кои 300.000 денари за настапот во Турција“, истакна директорот на АМС, Марјан Спасески.
Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...