Баргала со пет победи во најмасовното коло на Првата и Младинската лига, Чаир не ја бојкотира лигата (ФОТО/ВИДЕО)

Во Делчево се одржа третото коло на Првата и Младинската бокс лига кое досега предизвика најголем интерес кај боксерскитре клубови, но и кај публиката.

Чаир ги демантираше гласините дека ја бојкотираат Лигата.

Според стручните лица, поквалитетни борби имало во кадетска и јуниорска конкуренција. Домашниот боксер Борче Ивановски го претпрпе првиот пораз во Лигата од Даниел Абаз, а Октај Фератов од Борец цврсто гази во категоријата до 75 килограми и ќе биде интересна пресметката со Гоце Јанески кога ќе се појави во Рингот.

Ивановски вели дека не е виновен за дисквалификацијата. Алпај Демиров беше сигурен и не дозволи изненадување. Александар Најдовски против Димитар Јовановски ја забележа втората победа.

Хурмет Јонузи од Шкупи прикажа добра борба против Ристе Ристов од Пинк Пантер. И тешкашите во чаирското дерби кај кадетите Адријан Аземи (Шкупи) и Сабит Сулимани (Чаир) прикажаа борба на задоволство на гледачите. 

Воведни борби – деца

49 кг Енис Алиу (Алексо Огненовски) – Мартин Алексоски (Ас) 0-3
51 кг Ристо Тодоров (Универзалци) – Рузгар Асановски (Борец) 0-3
60 кг Селџук Осмен (Универзалци) – Ибрахим Алија (Шкендија бокс) 2-0 (прекин Р1) кадети

Кадети
-46 ка Ахмет Јашаров (Борец) – Сукамет Исмаил (Тернипе) 2-0 (прекин Р2)
-54 кг Илхан Озмен (Универзалци) – Елес Асанов (Баргала) 1-2
-57 кг Благојче Мицевски (Баргала) – Дамјан Талинче (Ас) 2-1
-63 кг Трајче Илиоски (Ас) – Алпај Демиров (Баргала) 0-3
-66 кг Ејдин Јашар (Баргала) – Ферит Хоџа (Алексо Огненовски) 3-0
-75 кг Михаило Минов (Пинк Пантер) – Бобан Стојаноски (Ас) 3-0
+80 кг Адријан Аземи (Шкупи) – Сабит Сулимани (Чаир) 3-0

Јуниори
-60 кг Аслан Фазлиу (Алексо Огненовски) – Оран Шакировски (Пелистер) 0-2 (прекин Р 2)
-64 кг Сезар Алили (Шкендија но лимит) – Јетон Бејлуров (Шкупи) 2-0 (ТКО Р2)
-69 кг Ерај Мехмед (Пинк Пантер) – Рамон Казимов (Пелистер) 0-2 (ТКО Р 2)
-75 кг Хурмет Јонузи (Шкупи) – Ристе Ристов (Пинк Пантер) 2-0 (ТКО Р 2)
-81 кг Серген Демиров (Баргала) – Прохор Зафиросвки (Аперкат) 2-0 (ТКО Р 1)

Сениори
-60 кг Јове Петровски (Пелистер) – Александар Шумковски (Универзалци) 2-0
-69 кг Лулзим Исмаили (Чаир) – Ангелчо Мицевски (Тигар МБМ) 2-0 (прекин Р 1)
-75 кг Октај Фератов (Борец) – Игор Атанасовски (Тигар МБМ) 2-0 (дискв. Р 1)
-81 кг Борче Ивановски (Тигар МБМ) – Даниел Абаз (Тернипе) 0-2 (дискв. Р 1)
-81 кг Никола Бубевски (Пинк Пантер) – Арсем Етеми (Алексо Огненовски) 0-3
-91 кг Димитар Јовановски (Алексо Огненовски) – Александар Најдовски (Пелистер) 0-3

 

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...