Балканец: „Трофеј штипски боречки асови“ ќе се одржи во недела

Меѓународниот традиционален турнир „Трофеј штипски боречки асови“ ќе се одржи во недела 3 декември во спортската сала Јордан Мијалков со почеток во 11 часот.

Покрај борачите (деца) од македонските клубови ќе настапат и три екипи од Бугарија – Петрич, Левски од Софија и Сандански и од Косово. Се очекува да учествуваат над сто деца.

Трофејот го организира Балканец во чест на легендите , кои оставија печат во македонското борење, а сега не се меѓу живите. Нивните резултати, афирмацијата на Штип и Македонија и сакањето на борењето секогаш ќе останат во сеќавањата- Киро Ристов – учесник на две олимпијади, но и носител на многу медали, Симеон Шутев прв македонски учесник на ЛОИ во Мексико Сити 1968 година,,Марјан Наумов балкански шампион и третопласиран на ЕП за млади 1988 година, Лазар Коцев балкански првак и петопласиран на СП за млади, Борче Димитров, член на „златната генерација“ на Балканец, која 1995 година за првпат стана државен шампион во самостојна и независна Македоннија, Томе Атанасов кој имаше најдолг стаж во најтрофејниот клуб во Македонија и како борач и тренер и уште многу други асови.

Свеченото отворање е закажано за недела во 14 часот, а во свечениот дел, најдобриот спортист на сите времиња на Штип, трикратниот олимпиец, Зоран Шоров ќе добие благодарница за придонесот што го дал за штипското и македонското борење.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...