Балгородна идеја на Хабиб: Сакам да се борам во Африка и сите тие милиони да одат за децата!

Непоразениот шампион Хабиб Нурмагомедов, кој во саботата го победи Дастин Пориер за 28 триумф во исто толку борби во УФЦ има големо срце, па најави дека сака да се бори во Африка и целата заработка да оди во хуманитарни цели за децата на црниот континент.

Нурмагомедов од поодамна е познат како голем хуманитарец, кој најчесто помага во родниот Дагестан, но сега најави дека планира да им помогне на децата во Африка, кои живеат во тешка сиромаштија.

„За два месеци ја изградија оваа арена во Абу Даби, а можат да ја напарават било каде, во Конго, во Нигерија… Би сакал да се борам таму, да заработам пари и потоа да направам некои работи кои ќе одат за хуманитарни цели. Африка е во многу лоша ситуација, на многу места нема вода за пиење, никој за тоа не зборува, треба сериозно да се загрижиме и да разговараме. Јас во Африка би можел да се борам во јануари, февруари, март… Целиот приход би го дал за здруженијата за помош на децата на овој континент. Може да заработме од 50 до 80 милиони долари и да ги дадеме сите пари за тие деца“, вели Хабиб.

print