Бакочевиќ по победата над поранешниот УФЦ борец: Премногу брзо и лесно, што звучи нереално!

Во Нови Сад, вчера се одржа Мегдан 4 настанот, а пред публиката на распродадениот СПЕНС Васо Бакочевиќ стигна до својата 37-ма професионална ММА победа.

Популарни „Психопат“ во главната борба на вечерта го победи поранешниот УФЦ борец Хермес Франка и му го нанесе 20 пораз во кариерат (26-20-1 НЦ). Бразилскиот ветеран се појави дури 11 пати под покровителство на УФЦ (6-5), а во текот на кариерата се бореше со многу славни лица на овој спортот како Френки Едгар, Тајсон Грифин, Џејми Варнер, Џош Томсон, Ив Едвардс, Шон Шерк и – Нејт Дијаз, кој дури и го порази со лост на рака далечната 2006 година, кога и двајцата беа дел од ВЕЦ/WЕС.

Васо до победата дојде со нокаут во првата рунда, а по успешната вечер и се обрати на навивачите преку својата Фејсбук страница.

„Премногу брзо и лесно, звучи нереално, но така е … Знаев дека кога еднаш ќе му ја допрам брадата како што треба дека ќе го заспијам … Ви благодарим на сите за огромната поддршка, исто така честитки и на моите браќа на одличните мечви и победи. Кој е следниот?“, напиша меѓу другото Бакочевиќ.

Pobjeda nokautom u 1 rundi protiv bivšeg UFC borca Hermes Franca (26-19-1, 6-5 UFC) Previše brzo i lako da zvuči…

Posted by Vaso "Psychopath" Bakocevic on 2019 m. kovo 16 d., šeštadienis

.

print