Бадр Хари ја почна соработката со новиот тренер (ВИДЕО)

Пред еден месец Бад Хари објави дека го напушта Мајк’с џим и по 14 години ја прекинува соработката со  Мајк Пасениер.

Воочи на вториот меч со Рико Верховен закажан за 21 декември, поранешниот К-1 шампион почна да работа со новиот тренер.

34-годишниот Мароканец објави дека негов нов тренер е Саид Ел Бадауи.

„Сигурен сум дека оваа нова соработка ќе биде крунисана со успех“, напиша тој на Инстаграм.

Ел Бадауи е тренер на Мелвин Манхоеф, уште еден поранешен член на Мајк’с џим и поранешната шампионка на УФЦ, Жермејн де Рандами.

Во првата борба со Верховен во декември 2016 година Хари беше поразен со технички нокаут во втората рунда по повредата на раката. Потоа само уште еднаш се бореше. Во март минатата година во реваншот во Ротердамсој едногласна одлука го победи Хезди Гергес, но мечот беше поништен по падот на допинг тестот. Во моментов јаодработува 19-месечната суспензија.

print