Бадр Хари: Се уште сум најдобар (ВИДЕО)

Бадр Хари се враќа во рингот на Глори 51 во Ротердам, каде што за противник ќе го има Хесди Гергес. Хари во сабота (3 март) по втор пат ќе се сретне со Гергес.

Мароканскиот кикбоксер вели дека се наоѓа во врвна форма и дека не гледа некој би можел да го запре. Тој најави дека се враќа во рингот по повеќе од две години, а и понатаму смета дека е најдобриот во светот.

“Мислам дека ќе видите еден концентриран, здрав и подготвен Бадр. Во годините разочарав многу фанови, но, сум решен да го поправам тоа. Се уште сум најдобар. Се чувствувам многу подобро физички и психички. Ќе и докажам во саботата дека се уште сум топ борец. Многу подобар сум од Рико. Амстердам арена е подобро место за реванш со Рико, но ајде прво да видиме што ќе се случи во сабота“.

Тие имаа една средба во 2010 година. Тогаш во втората рунда Хари го прати во нокдаун Герегс и го клоцна додека беше на земјата, што доведе до дисквалификација на Хари, а Гергес беше прогласен за победник. По издржување на кратка казна за напад и хулиганство, Хариi ќе го направи долго очекуваниот камбек.

print

Можеби ќе ви се допадне...