Бадр Хари во април оди во затвор

Кикбокс ѕвездата Бадр Хари во априв ќе влезе во холандскиот затвор. Ова го истакна адвокатот на борец, Жак де Вит.

Затворот и датумот на неговото влегување остануваат во тајност. Холандските власти се надеваат дека на тој начин ќе се избегне вишокот на медиумско внимание.

Судот во Хаг во февруари ја потврди пресудата на кикбоксерот поради неколку негови пориви на насилство, вклучувајќи го и она против холандскиот бизнисмен Коен Еверинк.

Хари во 2015 година беше осуден на 24 месеци затвор, кои потоа беа намалени на 10, од ​​кои 8 веќе ги имаше поминато во притвор. Така на Мароканецот му остануваат да одлежи зад решетки уште 6 месеци.

print

Можеби ќе ви се допадне...