Бадр Хари ветува ремек дело на средбата со Верховен

Легендарниот шампион во кик бокс, Бадр Хари, верува дека ќе може да го нокаутира шампионот во тешка категорија Рико Верховен на Глори Колисон на 21 декември во Арнем на стадионот Гелредом.

Пред 3 години ја видовме нивната прва борба, во која Мароканецот загуби со технички нокаут, затоа што се здоби со повреда од втората рунда. Сега е здрав и е во неверојатна физичка форма, за која смета дека е предуслов за ново ремек-дело.

„Телото и мојот ум се повеќе од подготвени да ви го понудат она што го очекувате … ново ремек дело изградено со здрави вежби, крв и пот. Се вратив“, порача Хари.

Во интервјуто по првата битка Хари се заколна дека ќе го нокаутира Верховен.

print