Атлетската комисија му го одложи сослушувањето на Мек Грегор

Судбината на Конор Мек Грегор нема да биде решена следната недела како што беше планирано. Тој требаше да се појави на сослушување пред Спорстката комисија на Невада на 10 декември и да ја добие казната, но побарал одложување и нема да се појави на сослушувањето. Минатата недела од Комисијата пуштија формални жалби против Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов кои беа главни во немилите настани по ниванта борба во октомври.

Комисијата го обвинува Хабиб не исполнил наредба на човек од Комисијата и удрил неколку луѓе од комисијата, персоналот на УФЦ, како и Дилон Данис. Тој исто така е виновен за кршење на законите на Невада и за неспортско однесување.

И Конор Мек Грегор одбил да изврши наредба од Комисијата, бидејќи требало да остане во кафезот, а намето тоа тој тргнал да го прескокне. Исто така, си имал работа и со персоналот на Хабиб и ги прекршил законите на Невада, а покажал и несовесно однесување, според Комисијата.

Како резултат на сè што се случило, Атлетската комисија може да им ја одземе лиценцата и да ги казни доживотно. Глобите што ќе ги добијат ќе бидат доста солени и веројатно од комисијата ќе ги користат за пример и сурово ќе ги казнат, за да не се повторат такви работи. Мек Грегор неодамна имаше сериозни проблеми со властите, а неговата книшка во Ирска му беше одземена, а Мајкл Чиеза во моментов води постапка против него.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...