АРМ: „Волците“ и ги демонстрираа боречките вештини на граѓаните (ВИДЕО)

Денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје Армијата на Република Македонија имаше отворен ден за граѓаните под мотото „АРМ со Вас“, при што имаа можност одблиску да се запознаат со АРМ и со дел од нејзините капацитети. Во рамки на денешниот отворен ден, граѓаните имаа можност да видат изведба на боречки вештини од страна на специјалната единица, Волци.

Отворениот ден го следеа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Величковски, воено дипломатскиот кор во Република Македонија и други високи претставници на МО и АРМ.

.

print