Арбреша Реџепи освои златен медал на џудо турнирот „Нагаока“ во Словенија (ФОТО)

arbresa-ljubljana-2016

Арбреша Реџепи од ЏК Ипон од Скопје го освои златниот медал на 53. Меѓународниот турнир „Нагаока“ Љубљана, Словенија, во категоријата до 52 килограми.

arbresa-na-piedestal-ljubljana-2016

Реџепи во финалето ја совлада домашаната натпреварувачка Нуша Перовник од ЏК Акрон од Словењ Градец, однонсо имаше три победи за првото место.

arbresa-i-micko-ljubljana-2016

Ипон настапи со пет натпреварувачи кои претходно беа на подготовки во Словењ Градец.

Анастасија Качаниклиќ (+70 кг) беше петта.

arbresa-tabela

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...