Арбреша Реџепи девета на Европското џудо првенство во Финска

Arbresa redzepi

Нашата репрезентативка Арбреша Реџепи (-48 кг) со еден ипон спрема едно јуко ја совлада Унгарката Фатиме Берингер на Европското првенство за кадети во Ватен-Финска.

Во второто коло Србинката Андреа Стојадинов беше подобра со еден ипон, а во репасажот и Германката Маша Балхаус славеше со еден ипон.

Сепак, за нашата млада џудистка и деветото место е добар пласман, а нејзината кариера е во подем.

Hamza Jasari split 2016 prv

Вториот наш репрезентаивец Хамза Јашари (- 60 кг) директно се пласира во второто коло,  каде што беше совладан од Французинот Бенџамин Гомес со еден ипон.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...