Аратан Рушити со светската самбо елита на Апсолутниот самбо куп во Сочи

Во рускиот град Сочи ќе се одржи Апсолутниот куп во самбо на сојузот на држави Русија и Белорусија. Турнирот што ќе собере 16 самбисти во апсолутна категорија ќе се одржи на 7 декември на арената „Ледена коцка“, а организаторите ги очекуваат светските, европските и азиските шампиони од Белорусија, Грузија, Казахстан, Латвија, Молдавија, Монголија, Русија, Романија, Србија, Франција и други земји да влезат во конкуренција за Купот.

Македнија на Купот ќе ја претставува Артан Рушити.

Инаку, наградата за совојување на купот е 300.000 евра, а за второто и третото место се добиваат по 200, односно 100 илјади евра.

Од асовите на самбото во Сочи ќе настапат: Пуревдорј Дамдинсурен – светски првак и шампион на Азија, Гуванч Бегалијев – прв на Гран при Франција и на Светските игри во Чунгџу во Кореја, Арја Шеикин Хосеини – втор на Европскиот куп, Гајиќ Владимир – светски и европски бронзен медлаист, Таши Денис – втор на ЕП и трет на Евроспките игри, Одилјон Сарафов – шампион на Азија,Хакимјон Исмоилов – втор на СП и др.

Покрај активните спортисти, на настанот ќе учествуваат и легендарните самбисти од минатите години. Ќе одржат работилници, ќе учествуваат на состаноците со младите спортисти кои можат да добијат автограм и фотографии од светски признатите познати личности на самбото.

Апсолутниот самбо куп е посветен на 20-годишнината од ратификувањето на Договорот за создавање на Унија на држави меѓу Русија и Белорусија. Ова е втор турнир организиран од Асоцијацијата на спортисти „Ние сме од Самбо“. Натпреварите ќе се спроведат со поддршка на ФИАС и Серуската федерација САМБО.

print