Антонио Петров дебитираше со бронзен медал на „Блакан бест фајтерс“

Дебитантот на меѓународни турнири Антонио Петров (-57 кг) од Кик бокс клубот Гладијатор од Штип го освои бронзениот медал на Меѓународниот куп „Балкан бест фајтерс“ во Ниш, Србија.

Петров до бронзата дојде со победа и пораз. Ова е голем успех за кадетот Антонио, бидејчи прв пат излегува на меѓународен натпревар.

Славче Арсов (74 кг) и Никола Нацев (69 кг) се во полуфиналето и нивните борби се вечрева.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...