Андреј Ангеловски освои сребрен медал на „Гран при Кроација“

Андреј Ангеловски (-52 кг) од Олимпик во конкуренција на млади кадети го освои сребрениот медал на Меѓунардониот карате турнир „Гран при Кроација“ во Самобор, Хрватска. Ангеловски во финалната борба загуби од Емре Салију од Црна Гора.

Ангеловски до финалето ги совлада: Фарис Синановиќ од Босна и Херцеговина 4-0, Нејц Кунштек – Словенија 0-0, Ник Боровник од Велење (Словенија) 0-0 и во финалето загуби 2-3 од Салију.

Ipon.mk

print