Андреа Нисева на официјалната страница на Хрватската боречка федерација (ФОТО)

Хрватската боречка федерација ја одбра фотографијата со Андреа Нисева на која ја прогласуваат за победник на Меѓунардониот турнир во борење за жени „Задар опен 2019“ да ја стават на нивната официјална страница.

„Хрватската боречка федерација ја одбра токму оваа фотографија да ја објави на нејзината официјална страна од турнирот во Задар, додека ние мака мачиме со нашата федерација во поглед на рамноправноста. Кога самите не знаеме да се цениме другите не ценат“, напиша Марјан Атансов на својот Фејсбук со оваа фотографија.

Да посетиме дека во саботата Андреа Нисева го освои златниот медал на „Задар опен 2019“. Нисева до злтатото дојде со три победи. На турнирот  учествуваа 230 натпреварувачи/ки од 6 држави и 27 клуба.

годинава освои два златни медали на силните меѓународни турнири „Загреб опен“ и „Пула опен“.

Младата борачка е член на БК Олимпија од Штип.

print