Андерсон Силва опериран во Бразил

anderson silva se moli

Андерсон Силва вчера бил итно пенесен во болница, набргу откако стана јасно дека поранешниот шампион во средна категорија нема да се бори на средбата со Ури Хол на УФЦ 198 поради проблеми со жолчката.

 Од УФЦ констатираат:

„Претходно оваа недела медицински лица открија дека Силва страда од воспаление на жолчката, што беше и причината да се повлече од УФЦ 198. По успешната операција Силва веќе се одмара мирно.

 Периодот за враќање се очекува да биде за 4-6 недели, пред да биде пуштен да тренира повторно ќе има лекарски преглед.

 Силва и се заблагодари на сите свои фанови за поддршката и охрабрувачки зборови за време на целиот процес“.

print

Можеби ќе ви се допадне...