Андерсон Силва најавува враќање на УФЦ 200

Anderson Silva mize

Поранешниот шампион во средната категорија на УФЦ, Андерсон Силва, отпадна од средбата со Ури Хол, планирана за овој викенд, бидејќи се подвргна итна операција на жолчката.

Силва беше успешно опериран, а заздравувањето е 4-6 недели, што му овозможи потоа да се подготви за УФЦ 200.

Кондициониот тренер, Рожеиро Камоес, кажа каква е ситуацијата.

„Благодарен сум му на Бога, зашто се помина добро и Андерсон веќе планира враќање. Ми рече дека ќе даде сè од себе и ќе учествува на уфц 200. Најважно е дека не ја загуби силата на духот и мотивацијата. Навистина сака да земе учество на историскиот УФЦ 200“.

print

Можеби ќе ви се допадне...