Андерсон Силва за Конор Мек Грегор: Сакам да се испробам со тоа џуџе, се му го заборавам името

Anderson Silva klece

Еден од легендарните борци на сите времиња, Андерсон Силва, призна дека има желба да се тестира себе си против Конор Мек Грегор пред да стави крај на славната кариера.

Давајќи интервју за бразилските медиуми, „Спајдер“ го посочи Ирецот како посакуван ривал, иако првично заборавил како му е точно името.

„Сега веќе сум стар човек. Почнувам да ги предизвикувам сите. О, сакам да се обидам и против она џуџе … како му беше името на ова момче … Мек Грегор. Тоа не е провокација, само навистина му го заборавив името. Јас веќе сум стар. Си ја испитувам желбата да се испробам против него. Мислам дека тој е борец со необични својства“.

Андерсон Силва и Конор Мек Грегор очигледно се борци од различни категории, но, според Бразилецот, тоа не би го попречило нивниот евентуален меч.

„Не знам дали тој може да достигне тежина од 81-82 килограми, што е тежината, до што можам да стигнам. Но, тој е човек против кого сакам да се испробам пред да ја завршам кариерата. Мислам дека би бил одличен натпревар за светот на боречките спортови и УФЦ“.

41-годишниот Андерсон Силва ќе се бори до дерек Барнсон на следниот настан на УФЦ 208.

print