Анамарија Георгиевска е најуспешната спортистка во 2018 година – освои бронза на СП за јуниори и голем потенцијал за македонскиот спорт

Анамарија Георгиевска е една од најуспешните спортистки во годината што изминува, затоа што го освои првиот медал за Македонија на светските првенства во таеквондо,односно се закити со бронзен медал од Светското првенство за јуниори во Хамамед во Тунис во категоријата до 59 килограми. Малку и недостасуваше да се бори за златниот медал.

Покрај бронзениот медал од Светското првенство таа освои и два медала на Г-1 турнирите за јуниори – сребрен на „Софија опен“ и бронзен на „Турција опен“, кои се бодуваат за Олимпиксите игри. Исто така, сребрен медал освои и на Балканското такевондо првенство, додека на силните меѓународни турнири од А-класа покажа завидно ниво на таеквонодо знаење и освои три злата и тоа на: Тирана опен, Хереја опен во Бугарија и Скопје опен.

Од друга страна, Анамарија има причини и да жали за пропуштените прилики кои се должат на младоста, искуството, спортската среќа и непишаните правила. Па така, Анамарија Георгиевска (-62 кг) беше на дофат на медалот на Европското првенство за млади сениори – У-21 во Полска, иако се уште е јуниор. Таа во борбата за медал, најмалку бронзен, водеше рамнопрвана борба до самиот крај во третата средба со репрезентативката на Турција Икра Кајер, но во последните секунди го изгуби медалот.

Таа беше учесник на Олимписките игри за млади во Буенос Аерес, Арегентина, и го носеше знамето на отворањето на Игрите. Сепак, непишаните правила ни и овозможија да ги покаже своите квалитети и на татамито да се избори за уште еден историски медал за македонското таеквондо. Имено, требаше да настапи во пониска категорија од онаа во која настапува, поради пријавата на МОК за вајлд карта, а таа подоцна се избори по регуларен пат за норма, но тоа не беше уважено од ИОК. За кратко време симна 7 килограми, а пред мерењето се покажало дека треба да симне уште половина килограм. Во консултација со лекарите, селекторот и водството на нашата делегација, поради здравјето на Анамарија таа да не симнува килажа.

Како и да е, таа веќе се вклучува во борбата и за Олимписките игри во Токио 2020 и е шеста на светската ранг листа. Анамарија е голем потенцијал за макеоднскиот олимписки спорт и од неа може да очекуваме уште многу радосни моменти и кревање на македонското знаме на јарболите ширум светот, а и да ја слушаме македонската химна. За жал, малкумина имаме спортисти со таков потенцијал во Македонија.

Веруваме дека сејмениот „натпревар“ со братот Дејан Георгиевски ќе биде во полза на македонскиот спорт, а еден од најзаслужните за нивните резултати е тренерот и селектор Борче Костовски.

Патот до медалот на Светското првенство
Анамарија Георгиевска – Тока Хасанод – Египет 7-5
Анамарија Георгиевска – Гианела Еволо – Аргентина 26-7
Анамарија Георгиевска –  Махса Киадалири – Иран 15-6
полуфинале
Анамарија Георгиевска – Ју А Парк – Јужна Корeа 14-21      

Медали на Анамарија Георгиевска во 2018 година

Светско првенство за јуниори во Тунис
– бронзен медал

Г1 турнири
-Турција опен – бронзен медал
-Софија опен сребрен медал

Балканско првенство
– сребрен медал

Меѓународни турнири А-класа
-Тирана опен – златен медал
-Хереја опен Бугарија – златен медал
-Скопје опен – златен медал

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...