Анамарија Георгиевска е најнадежната млада спортистка во Македонија во изборот на „Вечер за жени во спортот за 2018“

Анамарија Георгиевска го доби „Оскарот“ за најнадежната млада спортистка во Македонија во изборот на „Вечер за жени во спортот за 2018“ што се одржа синоќа во Скопје.

Анамарија Георгиевска во годината на заминување ќе биде запишана во македонската спортска историја со големиот успех на Светското јуниорско првенство во таеквондо во Хамамед, Тунис,во категоријата до 59 килограми, освојувајќи го бронзениот медал, а учествуваше и на младинските Олимписки игри во Буенос Аирес, Аргентина.

Нејзините тренери велат дека ова е само почеток.

Медали на Анамарија Георгиевска во 2018 година

Светско првенство за јуниори во Тунис 
– бронзен медал

Г1 турнири
-Турција опен – бронзен медал
-Софија опен сребрен медал

Балканско првенство
– сребрен медал

Меѓународни турнири А-класа
-Тирана опен – златен медал
-Хереја опен Бугарија – златен медал
-Скопје опен – златен медал

Ipon.mk

 

print