Американецот Кајл Снајдер е најмладиот олимписки шампион во борење

Kajl Snajder Amerikanec 97 kg borenje

Американскиот борач Кајл Снајдер е олимписки шампион со само 20 години, по победата на 33-годишниот Азербејџанец Хетаг Гозиумов во финалето на категоријата до 97 килограми.

Снајдер стана ѕвезда во САД, затоа што имаше скор 179-0 на натпреварите во американската средношколска лига во првите три години, пред во 2013 година да стане најмлад јуниорски светски шампион.

Против Газиумов, освојувач на бронза на последните две Олимпијади, Снајдер почна агресивно за победа на поени.

Русинот Сослан Рамонов пак го освои златото до 65 килограми, откако го „згази“ Азербејџанецот Торгул Асгаров со 11:0 за само 2:05 минути на душекот. Асгаров беше актуелен олимписки шампион.

– 65 кг

1.Сослан Рамонов (Русија)

2.Торгул Асгаров (Азербејџан)

3.Франк Камизо Маркез (Италија)

3.Ихтијор Наврузов (Узбекистан)

– 97 кг

1.Кајл Фредерик Снајдер (САД)

2.Хетаг Гозиумов (Азербејџан)

3.Алберт Саритов (Романија)

3.Магомед Ибрагимов (Узбекистан)

print

Можеби ќе ви се допадне...