Аманда Нунес ја изнервираа Русите, кои објавија дека е трансродов спортист

Шампионката на УФЦ во две тежински категории, Аманда Нунес,бесна е на рускиот медиум Рт Спорт. Русите направија видео за трансродовите спортисти и икористија фотографија со ликот на двојната шампионка од Бразил,под која напишале: „Трансродовите спортисти го уништуваат женскиот спорт“.

Малку подоцна ја сфатиле грешката и се извиниле, но штетата веќе беше направена. „Нашата видео екипа искористи видео што нема ништо заедничко со вас. Се извинуваме. РТ има голема почит спрема вашите постигнувања“.

Шампионката во петел и перо категорија не е задоволна од тоа и го изрази својот бес на социјалните мрежи:

„Што по ѓаволите? Ако бев родена со пенис, тогаш немаше да поминувам низ сито овие проблеми, за да забременам Нина Ансароф“.

Нунес и Ансароф се натпреваруваат во УФЦ и се верени. Двете често зборуваат за деца, а пред неколку месеци Бразилката изјави дека одбрала еден од своите тренери како татко на нивното дете.

https://www.instagram.com/p/B2wvxLjCPuT/?utm_source=ig_embed
print