Алистер Оверем против Александар Волков во Русија

УФЦ на 20 април се враќа во Русија во „Газпром арена“ во Санкт Петербург.

Листата на борби изгледа ќе биде доста сериозна, бидејќи е јасно дека поранешниот шампион во тешка категорија, Алистар Оверем ќе се соочи со поранешниот шампион на Белатор MMA, Александар Волков.

Се уште не е јасно дали борбата Оверем – Волков ќе биде главна на вечерта.

38-годишниот Оверим доаѓа по победата со ТКО во првата рунда над дотогаш непоразениот Русин Сергеј Павлович во Пекинг. Со победата ја прекина серијата од два последователни порази.

30-годишниот Волков во октомври загуби од Дерик Луис на УФЦ 229, откако беше многу блиску до победата, но Луис се врати од мртвите и го нокаутира Русинот. Пред оваа борба Волков беше подобар четири меча, меѓу кои беше и победа со нокаут над поранешниот шампион во тешка категорија, Фабрицио Вердум на УФЦ Фајт најт 127.

Волков, кој е еден од најопасните во тешка категорија, може лесно да се врати во трката за титулата со победа над Оверем.

print

Можеби ќе ви се допадне...